Ердоган: Нетанјаху е воен злосторник и „касап на Газа“, ќе му се суди како на Милошевиќ

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, во понеделникот изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е воен злосторник и „касап на Газа“ и дека сигурно ќе му се суди како што му се судеше на Слободан Милошевиќ, јавува „Анадолија“.

Ердоган присуствуваше на програмата за отворање на 39-та министерска седница на Постојаниот комитет на Организацијата за исламска соработка за економска и трговска соработка (COMCEC) во Конгресниот центар во Истанбул и по тој повод зборуваше за израелските напади врз Газа.

Тој потсети на бруталноста на израелските напади врз Газа и на страдањата на голем број цивили и деца.

„Двајца од тројца убиени во Газа се деца, жени, бебиња. Бројот на жители на Газа по кои се трага надмина 6.500“, потсети Ердоган.

Тој рече дека оние кои се обидуваат да ја прикријат смртта на толку многу невини, па дури и да ги легитимираат под изговор на Хамас, веќе немаат право да му кажат ништо на човештвото.

„Газа е територија на Палестина, Газа им припаѓа на Палестинците и така ќе остане засекогаш“, подвлече Ердоган.

Слични содржини