Ердоган целосно ја затвори Турција до 17-ти мај

од Nikola Popovski

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес воведе „целосно затворање“ на национално ниво до 17-ти мај, вклучително и континуирано заклучување, затворање на училиштата и ограничување на меѓуградските патувања за да се спречи наглиот пораст на новозаразените со коронавирус и смртните случаи.

По состанокот на владата, Ердоган рече дека за сите меѓуградски патувања е потребно одобрување од властите и дека сите училишта ќе ја продолжат наставата онлајн, пренесува Ројтерс.

Според неговите збориви, производството и секторот за храна ќе бидат изземени од новите ограничувања.

Дневниот број на случаи треба да падне под 5.000 до крајот на исламскиот свет месец Рамазан, додаде турскиот претседател.

Бројот на дневни случаи во Турција достигна над 63 000 на 16 април, пред да падне нагло под 39 000 во неделата, додека дневната бројка на смртни случаи остана над 300 во текот на изминатата недела.

Повеќе од 4,6 милиони луѓе се заразени во земјата од почетокот на пандемијата, додека повеќе од 38 000 луѓе починаа како резултат на коронавирусот.

Слични содржини