Есмеров: ВМРО е многу слаба опозиција, со исклучително слабо лидерство

од Vladimir Zorba

„Голем проблем е што власта нема коректив. ВМРО е многу слаба опозиција, со исклучително слабо лидерство, а резултатот од тоа се поразот на парламентарните избори и стравот да се излезе на локалните избори во Штип“, вели во интервју за НМ, Игор Есмеров, доскорашен македонски амбасадор во Унгарија и поранешен член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Забележително е, според него, тоа што настанува одредено регрупирање на членството во ВМРО, односно дека некои радикални структури како полека да преминуваат во партијата Левица токму поради тоа што се чувствуваат излажано и изневерено.

– Мицкоски сѐ уште нема став по ниту едно прашање, не нуди алтернативи и во отсуство на каква било визија за иднината, членовите на ВМРО сѐ повеќе се идентификуваат со ставовите на Левица. Излезот е во оставката на Мицкоски, кој вети дека ќе ја даде, но не се случи тоа. Деновиве бевме сведоци дека опозицијата во страв од пораз ги бојкотираше локалните избори во Штип, но не се откажа од државното финансирање. Тоа јасно укажува на лукративните причини поради кои Мицкоски не прифаќа никаква одговорност за шестиот последователен пораз на ВМРО. Првиот потег на ВМРО што би требало да го повлече Мицкоски во овој момент треба да биде откажувањето од буџетското финансирање на партијата, истакна Есмеров.

Слични содржини