ЕУ: 13 членки бараат забрзување на интеграциите на Западен Балкан

од Vladimir Zorba

Тринаесет земји-членки на ЕУ побараа забрзување на евроинтеграциите на Западен Балкан, а пред сè отворањето на претпристапните разговори со Северна Македонија и Албанија во јуни оваа година, објави бугарското Министерство за надворешни работи.

Ова барање го испратија Бугарија, Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Унгарија, Италија, Малта, Австрија, Хрватска, Словенија, Полска и Словачка.

Во заедничката изјава на оваа земја ја истакна важноста на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан како клучен инструмент за постигнување одржлива стабилност, мир и просперитет.

Тие ги повикуваат сите земји-членки на ЕУ, да преземат „далекусежни, храбри одлуки” овој месец за да го промовираат континуираниот напредок на реформите, во согласност со стандардите и вредностите на ЕУ.

Слични содржини