ЕУ: Србија и Албанија се отстранети од листата на безбедни земји за патувања

од Nikola Popovski

Србија е отстранета од листата на безбедни земји на Европската унија во врска со коронавирусот, објавиja денеска  од ЕУ, и со тоа повторно се воведоа ограничувања за патување на српските граѓани во земјите на ЕУ.

Советот на ЕУ го додаде Уругвај на листата на безбедни земји за патување, и отстрани шест земји, вклучувајќи ја и Србија. Освен Србија од земјите од регионот, овој статус го загуби и Албанија, а со оваа одлука статусот на „безбедна држава“ го загубија и Азербејџан, Брунеи, Јапонија и Ерменија.

„Ова не ја доведува во прашање можноста земјите-членки да го укинат привременото ограничување за несуштински патувања во ЕУ за целосно вакцинирани патници (од овие земји)“, се вели во соопштението на ЕУ.

Две недели претходно, ЕУ исто така ги отстрани Црна Гора, Северна Македонија и Косово од листата. Во моментов, само Босна и Херцеговина е на листата на безбедни земји во регионот, пренесува Радио Слободна Европа.

ЕУ наведува дека листата, како што е препорачано, ќе продолжи да се ревидира на секои две недели и може да се ажурира.

Слични содржини