ЕУЛЕКС: Ќе се ангажираме само по барање на косовската полиција

од Destan Jonuzi

Мисијата на Европската унија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС) не презеде полициски одговорности во северно Косово, но ги зголеми мобилните извидувачки патроли во тој дел од земјата и одржува тесна координација со косовската полиција и КФОР.
„Еулекс ќе се ангажира само по експресно барање на косовската полиција“, изјави ЕУЛЕКС за Радио Слободна Европа.

Тие додадоа дека нивните високи полициски советници ја советуваат северната регионална дирекција на косовската полиција и четирите полициски станици под нејзина команда за голем број прашања поврзани со обезбедувањето полициски услуги, пренесе Бета.

Освен тоа, советникот на ЕУЛЕКС на главниот обвинител на Основното обвинителство во Митровица и советникот на ЕУЛЕКС на претседателот на Основниот суд во Митровица будно ја следат состојбата во тие две правосудни институции.

„ Доколку е потребно, мисијата може да распореди дополнителна резервна полициска единица за дополнително подобрување на своите сили на теренот и оперативните капацитет“, потенцираат од Мисијата на ЕУ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека се надева оти САД ќе одлучат КФОР и ЕУЛЕКС да вршат полициски работи на северот на Косово, по одлуката на припадниците на српската заедница да ги напуштат институциите.

Слични содржини