Еуро 7 нема да биде толку ригорозен

од Vladimir Zorba

На 9 ноември конечно треба да дознаеме како ќе изгледа конечната верзија на стандардот Еуро 7, кој ги регулира еколошките норми на издувните гасови.

Според досегашните информации, законската регулатива требаше да биде радикално изменета и забележително поригорозна од сегашната, но според документите до кои дојде „Политико“, можен е и голем пресврт.

Според тој документ, односно предлог-законот, Европската комисија веројатно нема да бара драматично намалување на загадувањето што го испуштаат автомобилите, пишува „Јутарњи“.

Според „Политико“, комисијата разговарала за актуелните геополитички и економски околности, како и за инфлацијата:

„Еуро 7 може да изврши невиден притисок врз синџирот на снабдување на автомобилската индустрија и да ја намали достапноста за потрошувачите. Затоа ќе ги „минимизираме“ трошоците поврзани со развојот на технологија за почист мотор. Промените треба да бидат минимални“.

Ваквиот исход би бил голема победа за автомобилската индустрија, односно производителите, кои нема да бидат принудени да вложуваат големи инвестиции за намалување на загадувањето во следната генерација на мотори со внатрешно согорување. Во секој случај, се работи за мотори кои треба постепено да бидат укинати до 2035 година.

Истото го мисли и извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес, кој пред неколку дена изјави дека ЕУ7 треба целосно да се исфрли. Зошто? Така, производителите на автомобили можат попаметно да ги трошат своите пари на друго место.

Слични содржини