Европа се подготвува за недостиг од електрична енергија поради претстојниот студ

од Vladimir Zorba

Европа се подготвува за недостиг на енергија оваа недела, кога ниските температури ќе ја зголемат побарувачката во време кога понудата не може да се исполни, пишува „Блумберг“.

Температурите ќе паднат под нулата во неколку европски метрополи оваа недела, што ќе изврши притисок врз мрежите кои исто така се соочуваат со слаб ветер и проблеми со нуклеарната енергија во Франција. Во исто време, Русија сигнализираше дека ќе ги задржи ограничените количини на природен гас што ги испраќа во Германија.

Цените на енергијата излегоа од контрола оваа година, а цените на природниот гас во Европа се зголемија за повеќе од 600 отсто. Бидејќи оваа недела се очекува температурите да паднат под нормалата, краткорочните цени на струјата се очекува дополнително да поскапат. Во Франција во понеделник да се искачи на највисокото ниво од 2009 година, а во Германија се трети највисоки во историјата.

Зголемените цени ја поттикнуваат инфлацијата – главоболка за владите и централните банки. Геополитичките тензии меѓу Русија и Украина би можеле да ја влошат ситуацијата: потенцијалната инвазија ќе ги зголеми цените уште повеќе.

Џереми Веир, извршен директор на Trafigura Group, , која тргува со суровини, минатиот месец предупреди дека Европа може да се соочи со прекин на електричната енергија во случај на постудена зима од вообичаеното. И тоа беше пред Electricite de France SA привремено да ги затвори реакторите кои се одговорни за 10 отсто од нуклеарниот капацитет на Франција – оставајќи го регионот на милост и немилост на временските услови во јануари и февруари.

Со исклучувањето на реакторите, производителите на струја ќе мора да трошат повеќе гас. Но, Русија сигнализираше дека ќе ги задржи резервите преку Јамал ограничени, што би можело да ја принуди Европа да се потпре на веќе исцрпените резерви. Складиштата се полни само 60 проценти – рекордно ниско ниво за овој период од годината

За време на аукциите во недела беа резервирани само 4 отсто од капацитетот – при вообичаено повеќе од 35 отсто за повеќето денови овој месец. „Газпром“ ќе може да резервира дополнителен капацитет.

Во меѓувреме, трговците очекуваат спас за континентот во форма на течен природен гас поради неговата мала побарувачка во Азија во моментов. Но, за прераспределбата на бродовите ќе биде потребно време, а првиот најверојатно нема да пристигне пред јануари.

Слични содржини