Европскиот парламент ќе го разгледува азилот на Груевски

од desk2

Европскиот парламент ќе го разгледува азилот на Груевски Унгарскиот европски пратеник Питер Ниделмулер од Социјалистичката партија за 1ТВ изјави дека прашањето на унгарскиот азил за Никола Груевски е европско прашање кое ќе биде отворено на повеќе нивоа во ЕУ.


Тој вели дека прашањето ќе биде, без сомнение, ставено на агендата на Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ на 6 декември. Уверен е дека Австрија, земјата претседавач со ЕУ, ќе го отвори ова прашање за дебата помеѓу министрите.

Ниделмулер најавува исто така дека за ова ќе се разговара и на пленарната сесија на Европскиот парламент на почетокот на декември и уверен е дека оваа иницијатива ќе добие поддршка од повеќе политички групи. Пратеникот му напишал отворено писмо на претседателот на Европската народна партија Манфред Вебер кој доаѓа од редовите на ЦДУ, партијата на Ангела Меркел:

– Орбан сака да покаже дека тој може се. Орбан постојано се кара со целата ЕУ, со Брисел, со целата опозиција во Унгарија. Но верувам дека политичката цена за ова ќе биде висока бидејќи ќе остане уште поизолиран во своето политичко семејство, повеќе отколку досега. А од друга страна, сите европски земји што го видоа овој негов чекор, ќе бидат построги кон него и неговата партија и владата. Ова е тотално неприфатливо, вели пратеникот Питер Ниделмулер од унгарската Социјалистичка партија.

Слични содржини