Еврото падна во однос на доларот на најниско ниво во последните 6 месеци

од Vladimir Zorba

Еврото денеска падна на најниско ниво во однос на доларот во последните шест месеци.

Во 12:30 часот еврото на глобалната берза Forex се тргуваше за 1,06382 долари, што е најниско од средината на март.

Според порталот Trading Economics, главната причина за овој пад се разочарувачките податоци за индексот на менаџери за набавка (PMI) во еврозоната, како и сигналите дека Европската централна банка би можела да престане да ги зголемува референтните каматни стапки, пренесува Танјуг.

Последното истражување покажа дека деловната активност во еврозоната останала слаба во септември, а вкупниот број на нови нарачки паднал најмногу во последниве речиси три години.

Слични содржини