Ф1: 12 позитивни на кoрoна за време на првиот викенд од новата сезона

од Stefanija Kuzmanovska

За време на првиот викенд од новата сезона, имаше 12 позитивни случаи на коронавирус во шампионатот во Формула 1, објави Меѓународната автомобилска федерација (ФИА).

„Од 22 до 28 март беа извршени 8.150 тестови, а 12 лица беа позитивни“, соопшти ФИА, истакнувајќи дека биле тестирани сите учесници – возачи, членови на тимот и помошен персонал.

Раководството на Формула 1 и ФИА објавија дека ќе ја информираат јавноста за бројот на заразени лица по секоја трка, сето тоа со цел да се зголеми транспарентноста и интегритетот на натпреварот.

Првата трка во сезоната во Бахреин ја доби Британецот Луис Хамилтон, а следната трка е за ГН на Италија во Имола на 18 април.

Слични содржини