Фабрегас го напушта Монако

од Vladimir Zorba

Монако објави дека се разделува со Сеск Фабрегас. Договорот на 35-годишниот Шпанец истекува овој месец и нема да биде обновен.

Фабрегас одигра 68 натпревари за Монако откако пристигна од Челси во 2019 година. Навивачите на тимот ќе го паметат со неговото брилијантно вклучување против Пари Сен Жермен во ноември 2020 година. Тогаш се вклучи во натпреварот по паузата, кога ПСЖ водеше со 2-0, асистираше за израмнување на Фоланд и го постигна победничкиот гол од пенал.

Минатата сезона, поранешниот играч од средниот ред на Арсенал и Барселона му помогна на тимот да заврши на третото место. Сепак, имаше сериозни проблеми со повредите, пропуштајќи ја првата полусезона.

Слични содржини