Фабрегас се сели во тим од Серија Б

од Vladimir Zorba

Поранешниот шпански репрезентативец, Сеск Фабрегас е на прагот на сензационална преселба во Комо, кој минатата сезона заврши на 13. место во Серија Б, пренесува Џанлука Ди Марцио.

35-годишниот фудбалер моментално е слободен играч по заминувањето од Монако, откако имаше неколку понуди за нов тим. Тој веќе одби уште еден второлигаш – Лас Палмас во родната Шпанија.

Сепак, играчот од средниот ред беше убеден од легендата на Челси, Денис Вајз, кој е претседател на Комо, да се пресели во скромниот клуб од втората лига на италијанскиот фудбал.

Фабрегас ќе биде под договор до летото 2024 година, по што ќе може да остане во тимот како тренер.

Искусниот играч за врска има настапувано и за Арсенал, Барселона и Челси со кои има вкупно 14 трофеи. Со шпанската репрезентација е светски и двократен европски првак.

Слични содржини