Фатени крадци од Криволак, украденото вратено на сопственикот

од Nikola Popovski

На 04.01.2024 во 16.40 часот во село Криволак, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Н.Н.(20) и Ф.М.(20), двајцата од истото село. Тие се сомничат дека извршиле кражба, при што од објект во селото одзеле повеќе предмети.

Кај нив биле пронајдени одземените предметите, алатот со кој била извршена кражбата и патничкото возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, со кое ги пренесувале предметите.

За настанот бил известен јавен обвинител, а лицата биле приведени во полициска станица. По документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини