ФБИ знаеше дека ќе се случи хаос во Капитол? „Одете таму подготвени за ВОЈНА!“

од Stefanija Kuzmanovska

Кабинетот на ФБИ во државата Вирџинија издал внатрешно предупредување ден пред демонстрантите кои го поддржуваат претседателот Трамп да упаднат во Конгресот.

Издадено е предупредување дека екстремистите планираат да дојдат во Вашингтон и дека разговараат за „војна“, објави „Вашингтон пост“.

На еден форум, наводно, се дискутирало за конкретни повици за насилство, вклучувајќи ја и изјавата „Бидете подготвени за борба. Конгресот треба да слушне кршење стакло, отворање врати и пролевање крв на нивните робови војници“.

Учесниците исто така беа повикани на насилство и „да престанат да го нарекуваат ова марш, митинг или протест“.

„Одете таму подготвени за војна. Ќе го добиеме нашиот претседател или ќе умреме. Никој друг нема да ја постигне таа цел“, цитира „Ројтерс“ повикувајќи се на весникот „Вашингтон пост“.

Слични содржини