Фејсбук лансира своја криптовалута

од Vlatko K

Фејсбук го финализира планот за лансирање своја криптовалута за следната година.

Тие имаат намера до првиот квартал на 2020 година, да воспостават систем за дигитално плаќање
во десетина земји, а до крајот на оваа година ќе започне со тестирање на својата криптовалута,
интерно наречена – ГлобалКоин (GlobalCoin).

Се очекува Фејсбук летоска детално да ги претстави плановите, а основачот, Марк Закерберг, веќе
разговараше со гувернерот на Банката на Англија, Марк Карни.

Двајцата разговарааминатиот месец за можностите и ризиците одпокренуавње криптовалута, а
Фејсбук, исто така, побара од американското Министерство за финансии да даде совети за
оперативни и регулаторни прашања.

Фејсбук исто така преговара со компаниите за трансфер на пари, вклучувајќи го и Вестерн јунион,
бидејќи бара поевтини и побрзи начини за испраќање и примање пари на оние кои немаат
банкарска сметка.

Слични содржини