ФИФА изгласа нови правила поврзани со ВАР

од Nikola Popovski

На официјално собрание во Шкотска се состанале членовите на ИФАБ, телото на ФИФА кое одлучува за фудбалските правила и гласале за нивните измени. Една од најинтересните промени се однесува на ВАР-системот. Имено, ИФАБ прифатил во иднина судиите веднаш преку микрофон да ги соопштуваат на целиот стадион и на ТВ гледачите одлуките кои ги носи ВАР.

Тоа е практика која е усвоена од рагбито и американскиот фудбал. Се работи на усвојување на уште една практика од рагбито, а тоа е дека само капитените на тимовите имаат право да разговараат со судијата. Според одлуката на ИФАБ, ова најпрво ќе се суди во третото ниво на англискиот фудбал, односно во Лига 1 и лигите под него.

Дополнителна замена

Ќе биде тестирано и правилото кое му дозволува на голманот да ја држи топката во раце осум секунди, наместо претходните шест. Правилото за сини картони кое би значело десет минути суспензија за играч не е прифатено и нема да биде испробано.

Практиката за пренесување на одлуките на ВАР преку микрофон е веќе испробана на Светското клупско првенство, а ќе биде присутна и на Олимписките игри. Исто така, играчите во иднина нема да добиваат картони за случајно играње со рака, а ќе се воведе дополнителна замена во случај на повреди на главата, но лигите ќе можат самостојно да одлучуваат за тоа.

Слични содржини