Филипче: 62% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

од Берта Китинска

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информира министерот за здраввство Венко Филипче.

-Вкупно се аплицирани 818.295 дози вакцини, а ревакцинирани се 330.320 граѓани.Вчера вкупно се вакцинирале 17.085 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 5.977 граѓани.62% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. 59% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.55% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина.45% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина, соопшти Филипче.

Слични содржини