Филипче: Имаме стагнација во вакцинацијата

од Nikola Popovski

Министерот за здравство, Венко Филипче денес на прес-конференција информира дека има раст во бројот на хоспитализации во болниците за 15%.

-Во моментов имаме 518 пациенти, за разлика од претходно кога беа околу 400. На Инфективната клиника имаме 60-80 прегледи во 24 часа. Тоа се должи на поголемиот број помлади заболени и лицата што се заболени, а вакцинирани, рече Филипче.

Според него, до крајот на следната недела ќе заврши постапувањето за секвенционирањето на вирусот за да видиме точно каква мутација е присутна кај нас.

-Дадени се вкупно над 1,6 милиони дози вакцини, од кои 810 илјади граѓани примиле прва доза, а 780 илјади се ревакцинирани. Околу 5000 деца од 12 до 18 години се исто така вакцинирани. За жал имаме стагнација во вакцинацијата. Оттука апелирам дека граѓаните мора да се свесни дека ова е единствениот начин да се излезе од кризата, појасни Филипче.

Слични содржини