Филипче: Многу земји во светот се соочуваат со истите проблеми како и ние за вакцините

Во своето гостување во „Клик Плус“, министерот за здравство, Венко Филипче, истакна дека во светот со мали исклучоци многу земји се соочуваат со истите проблеми како и нас.

„За жал секаде во светот во навистина многу малку земји, со исклучоци вакцините не пристигнуваат ниту со посакуваната, ниту со потребната брзина. Сепак станува збор за еден нов продукт, за почеток на производство. Буквално сите земји се соочуваат со истиот проблем и со истиот предизвик“, истакна Филипче.

Слични содржини