Филипче: Платите на лекарите специјалисти се дуплирани, младите сакаат да работат тука

од Nikola Popovski

Заедно со пратеничките го сменивме најсмешниот закон што постоеше во Европа, законот за премин на бременоста, ја ставивме волјата на жената на прво место, отворивме центри за насилство врз жените, кои доаѓаа во ургентно и не сакаа да признаат дека се жртви на насилство, се додека не обезбедивме механизам за препознавање и соодветен третман, изјави министерот за здравство и потпретседател на СДСМ, Венко Филипче на трибината под мотото „Активни жени – Напредно општество“, во Дојран.

Според него, платите на лекарите специјалисти се дуплирани.

-Огромен број млади лекари не ја гледаат иднината во странство, сакаат да работат тука, во болниците, во кои се инвестира, се купува нова опрема, истакна Филипче, додавајќи дека се направени 16 нови болници.

-Хероите, односно хероините на пандемијата се докторите од кои 50 проценти се жени, и медицинските сестри од кои 95 проценти се жени, нагласи Филипче.

Слични содржини