Филипче: Пристигаа 30.000 вакцини „Синовак“ од Турција

од Берта Китинска

Денес пристигаа 30.000 вакцини „Синовак“ како донација од пријателска Турција, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

-Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред се, за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас. Вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата, информираше Филипче.

Слични содржини