Филипче: Во наредниот период чекуваме повеќе исписи од приеми на болни пациенти

од Берта Китинска

Во наредниот период се очекува повеќе исписи од примени на болни пациенти, вели министерот за здравство Венко Филипче.

-Состојбата по болниците се стабилизира, во наредниот период очекуваме повеќе исписи од приеми на болни пациенти. На денешниот состанок со директорите на ковид центрите во Скопје разговаравме за состојбата со вирусот. На инфективните оддели има доволно слободни места. Состојбата ја следиме од ден на ден и подготвени сме за секое сценарио. Доколку овие прогнози не се остварат имаме на располагање и нови оддели и дополнителни болнички капацитети кои се спремни да се отворат, вели Филипче.

Директорот на Клиничка болница во Штип, Ален Ѓеорѓијев  истакна дека ќе побара припадници на Армијата да има пред Инфективното одделение и посочи дека консултациите ќе ги направи со министерот за здравство Венко Филипче.

Тој смета дека е потребно да има припадници на војската пред ова одделение, бидејќи се создава поголема гужва пред дневната Ковид амбуланта.

Денеска дванаесет лекари и дваесет медицински сестри од воено медицинскиот центар се вклучуваат во работа на интерните клиники каде има неколку ковид оддели.

11 дена по прогласувањето на кризната состојба, како поддршка во обезбедување на ред во ковид центрите низ државата распоредени се и припадници на армијата.

Во моментов бројот на активни случаи во државата изнесува 21 412, а од компликации поврзани со коронавирусот, починаа 1731 лица.

Слични содржини