Филипче за тестовите во „Систина“: Резултатите мора да се потврдат со посебен тест

од Vladimir Zorba

Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва во интервју за „360 Степени“ изјави дека во болницата „Систина“ има таков единствен тип на тестови коишто ги детектираат антителата, но не и самиот вирус.

На прашањето дали е точно дека ако тестот се направи во одреден период од развојот на болеста, дека може да детектира и присуство на вирусот, Филипче вели: „Да, но тој треба да се докаже со посебен тест. Во таа смисла детектирањето на вирусот кај носителот, кај пациент, значи дека тој е позитивен, дека тој може да ја шири болеста и во таа смисла, само тие пациенти влегуваат во статистиката како заболени пациенти од тој вирус“.

Слични содржини