Филиповска-Грашковска: 13.676 решенија за изолација во изминатава недела и клуч на врата за 2 локали (ВИДЕО)

Шесте инспекторати во периодот од 9. до 15. ноември извршиле вкупно 4822 контроли, ова денес на прес конференција го потенцираше претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашковска.

„Државниот здравствен и санитарен инспекторат изврши 80 надзори за што се издадени 6 решенија. Исто така ДЗСИ издаде и 13.676 решенија за изолација на лица заболени или што биле во контакт со заболен. Државниот пазарен инспекторат пак, во истиот период изврши 3068 контроли и 619 надзори на угостителски објекти како кафетерии и ресторани во однос на почитувањето на Законот за заштита на населението од заразни болести. Притоа пазарниот инспекторат поднесе и 31 прекршочна пријава како и 2 забрани за вршење на дејност“, соопшти Филиповска -Грашковска.

Грашковска потенцираше дека станува збор за локал во Гостивар, кој не ја почитувал мерката за работење до 21 часот, како и еден угостителски објект во Охрид, кој не ја почитувал мерката врзана за седење на 4 лица на иста маса. Освен што се затворени, овие објекти заработиле и парични казни.

Погледнете ја изјавата во целост:

Слични содржини