Покојниот папа Јован Павле Втори можеби бил тајно вљубен во мажена професорка по филозофија. Тоа се навестува во документарецот во емисијата “Панорама” на БиБиСи, кој треба да биде емитуван утре.

20160214.qledcgatce
Авторите тврдат дека дошле до 4-годишна преписка помеѓу светиот отец и американската филозофка од полско потекло Ана-Тереза ​​Тимениецка, поради што имало шпекулации за романтична врска меѓу нив.

Двајцата работеле на негова книга во 70-тите години на минатиот век, кога тој се уште бил познат како кардинал Карол Војтила, пишува “Дејли телеграф”.

Родена во богато полско семејство, Ана-Тереза ​​била омажена за професор на Харвард, но останува блиска со Јован Павле Втори до неговата смрт. Таа умира во 2014 година, а во Филмот БиБиСи нема да дозволи да прави никакви сугестии за прекршување на завет за целомудрието од страна на покојниот папа, ниту ќе упатува категорични заклучоци за нивните односи, пишува британскиот печат.
Тимениецка негирала какви било љубовни чувства спрема папата. Нејзин пријател од Харвард сепак наведува дека таа имала романтични склоности спрема него. Филмот ги истражува и односите на Јован Павле Втори со Ванда Полтавска која во 2009 година предизвика сензација, објавувајќи 570 страници со лични пораки со папата. Тогаш Ватикан реагираше со остра негација. И овој пат оттаму коментираат дека “во новиот филм има повеќе чад отколку оган”.

Слични содржини