Филмски грабеж во Мостар: Вооружени маскирани разбојници пресретнале обезбедување и украле пари

од Stefanija Kuzmanovska

Полицијата во Босна и Херцеговина трага по разбојници кои вчера маскирани и вооружени со автоматски пушки ги запреле работниците од обезбедувањето на приватна компанија во Мостар и им ги одзеле парите, службеното оружје и мобилните телефони.

Припадници на Секторот за криминалистичка полиција на МВР на Херцеговско-неретванскиот кантон истражуваат случај на разбојништво што се случи вчера во утринските часови во Бишче Поље, пишува „Дневни аваз“.

Двајца работници од обезбедувањето на приватна фирма пријавиле во полиција дека биле ограбени од маскирани лица додека се движеле во Бишче Поље.

Од МВР на ХНК соопштија дека полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и на патот меѓу двата дуќана затекнале работници од обезбедувањето.

Тие им кажале дека се движеле по патот кон една од продавниците, од кој правец кон нив доаѓало возило „лада нива“ удирајќи ги во браникот, од каде излегле две маскирани лица вооружени со автоматски пушки и наредиле да ги предадат парите.

„Во тој момент им се приближува друго возило од кое со автоматски пушки излегуваат две непознати маскирани лица, кои им ги земаат парите и службените предмети и заминуваат во непознат правец“, соопшти МВР на ХНК.

Работниците од обезбедувањето пријавиле дека разбојниците им ги одзеле и службените пиштоли и телефонот. Иако некои портали наведуваа дека се работи за украдена сума од милион долари, од МВР на ХНК велат дека немаат такви информации и дека се утврдува сумата на пари која била украдена.

Слични содржини