Финансова влегла во ЈСП, откако Арсовска соопшти дека приватните превозници наплаќале билети, а парите не ги пријавувале

од Vladimir Zorba

Финансова полиција влезе во Јавното сообраќајно претпријатие и ја чешла документацијата за досегашното работење на приватните автобуски превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“.

Според пишувањата на медиумите, Финансова полиција постапува по допрен глас откако градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на прес-конференција соопшти дека приватните превозници наједноставно, наплаќале билети, а тие пари не ги пријавувале.

Потоа овие пари веројатно завршувале во нечиј џеб, за потоа Слобода превоз и Макекспрес да фактурираат од ЈСП по 400.000 евра секој месец.

Слични содржини