ФИТР достави заштитни скафандери, заштитни очила и ракавици за Детската клиника

од Vladimir Zorba

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) го поништи годишниот тендер за набавка на пијалаци и прехранбени производи, а овие буџетски средства се пренаменети за Универзитетска Клиника за детски болести во Скопје.

Фондот на Детската клиника достави заштитни скафандери, заштитни очила и ракавици наменети за медицинскиот персонал и пациентите.

„Заедно да ја дадеме нашата поддршка на Министерство за здравство во борбата против коронавирусот“, соопштуваат од ФИТР.

Слични содржини