Фон дер Лајен: Западен Балкан е се поблиску до ЕУ

од Nikola Popovski

Во Европскиот парламент денеска беше одбележана 20-годишнината од најголемото проширување на Европската унија (ЕУ), а актуелните и поранешните европски лидери ја истакнале важноста од натамошното проширување на ЕУ.

Кипар, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Словачка и Словенија се приклучија на ЕУ на 1 мај 2004 година. Тоа беше петто и најголемо проширување во историјата на ЕУ.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на свечената седница на ЕП порачала дека желбата за обединување на Европа и комплетирање на ЕУ е денес поважна од кога било досега.

– Западен Балкан е се поблиску до нас. Донесовме историска одлука за почеток на преговори со Украина и Молдавија, додека народот на Грузија не ги кријат своите европски соништа. Треба да се радуваме на идното проширување додека го славиме успехот во изминатите 20 години, изјавила Фон дер Лејен.

Претседателот на ЕК истакнала дека она што се случува во Украина засекогаш ќе ја обликува иднината на Унијата и дека Русија претставува „егзистенцијална закана не само за Украина, туку и за Европа“, како и дека победата на рускиот претседател Владимир Путин би го промени текот на европската историја.

– Има само еден начин да се соочиме со ова. Има само еден јазик што Путин го разбира. А тоа е: обезбедување на Украина со средства за одбрана, рекла европската функционерка.

-Одлуките што ЕУ ќе ги донесе во наредните денови, недели и месеци ќе зависат од тоа кој ќе одлучи за иднината на Европа, додала Фон дер Лајен и повикала на единство, поддршка за Украина и амбиција во однос на проширувањето и реформите.

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола истакнала дека трансформативниот ефект на проширувањето врз животот на генерациите Европејци е несомнен и е евидентен во секоја земја-членка.

Мецола додала дека земјите од истокот со нетрпение го очекуваат истиот процес и дека Европа не може да погледне настрана.

Слични содржини