ФОТО: Брижит Макрон ја истакна својата фигура во бел фустан и блесна со Олена Зеленска во Вилнус

од Stefanija Kuzmanovska

Првите дами на Украина и Франција беа неразделни на Самитот на НАТО во Литванија и го привлекоа вниманието во импресивни комбинации.

На првата вечер од Самитот на НАТО големо внимание собраа Олена Зеленска и Брижит Макрон кои во нивните впечатливи стајлинзи беа неразделни во текот на целиот настан.

Првата дама на Украина и првата дама на Франција присуствуваа на самитот во Вилнус, Литванија во друштво на своите сопрузи, видно уживајќи во заедничкото друштво додека разменуваа насмевки и комплименти.

Убавата 45-годишна Украинка носеше впечатлива креација во сина боја – соодветна блуза и здолниште со зашиени украси од мали бели птици. Оваа комбинација одлично се совпадна со беж полувисоки потпетици и пуштена руса коса стилизирана во елегантни бранови.

70-годишната Брижит Макрон исто така се појави во монохроматски стајлинг, изгледајќи неверојатно во блескав бел миди фустан со висока јака. Успешно го спои со црни мокасини и црна клач чанта.

Првата дама на Франција на тој начин остана доследна на својот минималистички стил, позната по изборот на едноставни и елегантни парчиња – безвременски класици со кои постојано го покажува својот беспрекорен моден вкус.

Слични содржини