ФОТО: Како изгледа денес наследникот на Мајкл Џексон?

од Stefanija Kuzmanovska

Принц Мајкл Џексон Втори, синот на легендарниот пејач Мајкл Џексон, во јавноста остана запаметен по скандалот во 2002 година, кога „кралот на попот“ го покажа на светот од тераса на хотел.

Тогашните медиуми толку многу го „напумпаа“ целиот настан што предизвика вистинска врева. Имено, приказната била оркестрирана така што многумина помислиле дека пејачот сакал да го фрли бебето од тераса.

Џексон пред 21 година престојуваше во Берлин со членовите на своето семејство, а своите постари деца реши да ги запознае со обожавателите и новинарите кои се собраа пред зградата.

Потоа го зел деветмесечниот Принц во раце и со него „мавтал“ преку оградата. Многу луѓе овој потег го прогласија за скандалозен и го обвинија Мајкл дека го загрозил животот на својот син.

Бидејќи Мајкл ставил ќебе над главата на бебето за да го заштити од папараците, луѓето му го дадоа прекарот Бленкет.

Тој не се појавува често во јавноста, а за неговиот живот се знае многу малку. Сепак, во 2021 година, тој даде интервју во кое зборуваше за важноста да се грижиме за климатските промени како активист.

„Мислам дека имаме многу работа за ова прашање, но мојата генерација знае колку е ова важно“, рече тој тогаш.

На 18 години купил луксузна вила во Лос Анџелес чија вредност е речиси три милиони долари.

Слични содржини