Претходно овој месец Овен Вилсон беше фатен во друштво на мистериозна бринета за време на Ролан Гарос. Личноста на мистериозната дама сепак веќе е откриена – станува збор за австралиската тенисерка Ван-Ви Суитинг .e83017639f4910263f0d351e0050097c

Според Woman’s Day 21-годишната спортистка и 46-годишната холивудска ѕвезда имаат поминато цела недела заедно во Париз. Ван-Ви, која има британски и кинески корени, е од австралискиот град Перт, но во моментов учи во Бостон.

Овен Вилсон е познат по своето бурно љубовно минато и врските со многу жени. Во почетокот на 2000 година актерот се среќаваше со пејачката Шерил Кроу , а песната “Safe And Sound” дури е посветена на него.

Потоа, во 2006 година, ѕвездата започна врска со својата колешка Кејт Хадсон .Две години подоцна двајцата дури размислуваа да се венчаат, но на крајот се разделија.

Во 2011 година Овен стана татко за прв пат – се роди неговиот син Роберт Форд Вилсон. Актерот сепак се раздели со мајката на детето само неколку месеци подоцна. Во почетокот на 2014 година, пак, ѕвездата повторно стана татко на син – Фин, чија мајка е личен тренер на Вилсон – Каролајн.

Самата таа призна пред некое време дека двајцата одржувале односи неколку години, но без реално да имаат врска, како и дека не планираат таква, без оглед на тоа дека имаат дете заедно.

Слични содржини