Француски милијардер приведен поради сомнеж за корупција во Африка

од Vladimir Zorba

Еден од најмоќните бизнисмени во Франција, Венсан Болор денеска е приведен поради сослушување во рамки на истрагата за наводна корупција преку профитабилни договори за пристаништа во Африка.

Болор е притворен во париското предградие Нантер, заедно со вработени во неговата компанија „Болор груп“, изјави судски службеник, не соопштувајќи детали.

Францускиот весник „Монд“ наведува дека истрагата е фокусирана на сомнежи во врска со договорите за пристаништа, потпишани во 2010 година во Ломе, главен град на западноафриканската држава Того, и во Конакриј во Гвинеја.

Акциите на компанијата „Болор груп“, која се занимава со транспорт, нафта, медиуми…, поради неговото неочекувано приведување, се намалија за околу осум отсто.

Овој тајкун е вклучен во многу значајни проекти во Франција, како што се електричните автомобили низ улиците на Франција, а исто така е познат и по тоа што својот пријател Никола Саркози го пречека на јахта, неколку дена откако Саркози беше избран за претседател на Франција во 2007 година.

Слични содржини