Француски весник: Три „буриња барут“ во Европа

од Vladimir Zorba

Францускиот весник „Ouest-France“ пишува дека во моментов во Европа има три региони кои се буриња барут, а едно од нив е Босна и Херцеговина.

Авторот Фабиен Казенав наведува дека во последните недели Европската унија се повеќе се плаши од можноста за конфликти на границата меѓу Полска, Украина и БиХ.

Зборувајќи за Босна и Херцеговина, Казенав истакнува дека 27 години по потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, со кој беше запрена „граѓанската војна“, иако таква квалификација не е наведена во пресудите на меѓународните судови, повторно постои опасност од нови конфликти.

Во текстот се наведува дека националистичките партии во двата ентитета постојано создаваат тензии. Се издвојува улогата на Милорад Додик, „лидерот на Република Српска“ кој од август „сè повеќе провоцира“.

„Најавено е формирање на автономни министерства и агенции за прашања од оданочување, правда, здравство, па дури и одбрана. Се чини дека ризикот од отцепување на босанските Срби е висок. Сепак, Србија досега не дала знаци на охрабрување“, се вели во текстот на весникот „Ouest-France“.

Се додава дека „сенката на Москва“, која е за поддршка на Србите кои се претежно православни, виси над балканскиот регион додека Европската унија се бори да ги разјасни роковите за пристапување на овие земји.

„Американската администрација одлучи да го испрати специјалниот претставник Габриел Ескобар. На почетокот на ноември, Советот за безбедност на ОН го обнови мандатот на мисијата ЕУФОР распоредена во Босна и Херцеговина за да гарантира мир и стабилност. Но, оваа мисија повеќе нема 7.000 војници на теренот, туку само неколку стотици“, се вели во текстот.

Според авторот на статијата, Европската унија се повеќе стравува дека ќе избие вооружен конфликт на прагот на континентот – ситуацијата во регионот се вжештува поради илјадниците мигранти од Јужен Курдистан кои се собираат на полскo – белоруската граница.

Варшава не ги пушта бегалците од Блискиот Исток на територијата на Европската унија, потсетува новинарот и додава дека Полска на своите источни граници распоредила околу 15.000 војници, кои им даваат поддршка на граничарите и полицијата.

Според Казенав, страните меѓусебно се обвинуваат за мигрантската криза, а „радикализирањето на учесниците во конфронтацијата може да доведе до случаен инцидент со полски, литвански, латвиски или белоруски војници“.

Новинарот е убеден дека на картата на Европа има уште една точка на интензивна тензија – границата меѓу Русија и Украина. Според него, во случај на војна во Донбас, Москва може да ги преземе Доњецката и Луганската народна република (ДНР и ЛНР).

Во сценариото кое е „катастрофално“ за Киев, руската армија, според Казенав, ќе формира тампон зона не само за заштита на Доњецк и Луганск, туку и за безбедноста на Крим.

Слични содржини