Фрчковски: Кинезите се во многу непријатна позиција поради гестовите на Путин

од Берта Китинска

Поголемиот дел од руските олигaрси мислат како Путин, а помалиот дел се спремни да се жртвуваат на некој начин. Најголема жртва во оваа инвазија ќе биде рускиот народ, вели проф.Љубомир Фрчковски во „Студиот 10“, коментирајќи го руско-украинскиот конфликт.

Тој напоменува дека агерсијата не се опрадува бидејќи тоа не може да го реши проблемот, појаснувајќи дека „системот на страв зборува за фаза која сме мислеле дека е помината, но со сегашната ситуација со Русија, се покажува спротивното“.

Прокоментира дека Кина во моментов дава една поблага поддршка на Русија.

– Очигледно е дека Кинезите се во многу непријатна позиција поради гестовите на Путин и поради аграсијата, вели Фрчковски.

Слични содржини