Фрчковски: Мора да се контролираат емоциите во политиката тука либералите и левицата не се снаоѓаат

од Берта Китинска

Професорот Љубомир Фрчковски во гостувањето во Клик Плуст вели дека мора да се контролира граѓанството, особено по последните анкети во кои поголемиот дел се изјаснуваат за апсурдни прашања.

„На анкети имате 48, 50, 60% изјаснување на граѓаните на апсурдни прашања. Тој момент мора да се контролира кај сопственото граѓанство“, рече Фрчковски кој истакна дека во политиката се присутни емоции, но истите мора да се контролираат.

„Мора да се контролираат емоциите во политиката, и тука либералите и левицата не се снаоѓаат, десницата подобро оди, затоа што таа е традиционалистичка и полесно ги брани тие вредности“, вели Фрчковски.

На крајот истакна дека освен ние, останатите земји кои чекаат за влез во ЕУ, се меки авторитарни режими.

„Може да го анализирате во сите земји од Западен Балкан во чекалната се меки авторитарни режими. Да не исклучиш нас, другото се е чудно, а чекаат влез во ЕУ“, рече Фрчковски.

Слични содржини