ФТ: Србија е меѓу најзаинтересираните за набавка на руската вакцина

од Vladimir Zorba

Официјална Москва објави дека 20 држави во светот веќе изразиле интерес да ја набават нејзината вакцина против коронавирусот, а според британскиот „Фајненшл тајмс“, меѓу нив е и Србија.

„Москва објави дека 20 држави во светот веќе изразија интерес за набавка на нивната вакцина, а меѓу нив се и Филипините, Бразил, Србија… Клучни пазари (за руската вакцина) ќе бидат надвор од Западот, додека европските, американските и веројатно кинеските научници ќе продолжат да развиваат свои верзии на вакцината“, наведува „Фајненшал тајмс“ (ФТ) во својот подкаст.

ФТ денес објави дека Филипините официјално објавија дека ќе започнат клинички испитувања на руската вакцина против коронавирус во октомври.

„Доколку тестовите се успешни, Филипините ќе ја стават вакцината во официјална употреба до април 2021 година, а претседателот Родриго Дутерте ќе ја прими најрано до 1 мај“, пренесува ФТ.

Американски и европски научници се скептични во врска со објавата на Русија за пронаоѓање на вакцината.

Московскиот дописник на ФТ рече дека засега е сигурно дека објавата дека е пронајдена вакцината придонесе за раст на руската мека моќ на Русија и политичко-пропаганден успех.

На почетокот на пандемијата, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека Србија ќе „направи вакцина“, а потоа рече дека Србија ќе биде меѓу првите земји во светот што ќе ја добијат.

Вакцината, изработена од Националниот центар за истражување Гамалеј, доби официјална регистрација во руското Министерство за здравство.

Слични содржини