Ако сте решиле да стапите во брак во текот на топлите и долги ноќи, сигурно имате широк спектар на можности.
Не се ни туѓи церемониите на плажа , но од J. Crew даваат многу подобра и сигурно позабавна опција.
Венчавката на тениско игралиште и базен никогаш не ни се чинела поприфатлива и дефинитивно се издвојува како тренд за пролет-лето 2015.
Дури и да не сте обожаватели на најсмелите решенија, секогаш можете да ги користите за меден месец. Креативните начини на брендот да ги претстави своите нови предлози за сезоната нè тера да се насмевнеме дури и само кога ги гледаме кадрите , а камоли ако присуствуваме или сме главни ликови во настанот.
Хумористично насликаните прошетки околу тениското игралиште и смелите комбинации од бел костим за капење со превез за невести и шорцеви во морски стил за младоженецот се причина да ни се допадне сѐ повеќе.
Разновидноста во колекцијата донесе нови трендови и во изгледот на деверушите – кратки фустани во телесни нијанси, прецизни перфорации и голи раменици.
За оние кои одлучиле да бидат во тон со палета на бои на сезоната, брендот дава избор и во коралниот спектар.
Класичниот бел фустан на невестата е со поставен хоризонтален акцент на половината и горен дел презрамки, а романтичен прилог е фееричниот превез.
Концептот на J. Crew демонстрира традиционални предлози презентирани на многу храбар и забавен начин.
Можете да се послужите со неговите идеи, ако стапувате во брак, од нашата галерија.