ГАЛЕРИЈА: Почна дијалогот „Жан Моне“ во Собранието

од Aleksandar Todeski

Во рамките на третиот дијалог „Жан Моне“ кој овојпат се одржува во Парламентот, претседателот на Собранието, Талар Џафери се сретна со европратениците, копретседавачи на овој Дијалог, Илхан Ќучук, Андреас Шиедер, Марион Валсман и евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Тројцата европратеници заедно со Џафери и координаторите на пратеничките групи и други пратеници треба да разговараат за спорните прашања помеѓу власта и опозицијата, односно членот 1 кој се однесува на името на државата во Деловникот, како и начинот на избор на генералниот секретар на Собранието.

Се очекува тие да разговараат и за евроинтеграцискиот процес на земјата и претстојните избори во април. Надвор од овие разговори што ќе се одвиваат во Собранието, Ќучук, Шиедер и Валсман ќе имаат средба со лидерите на политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, Алијанса на Албанците, Алтернатива и Беса.

А.Т.

Фото: Борче Поповски

 

Слични содржини