Галовеј: Пресуда мора да има за нарачателите за „крвавиот четврток“

од desk2

Пратениците кои не планираат да го поддржат законот за Јавно обвинителство може да си го нарушат кредибилитетот во очите на меѓународната јавност. Ова го порачува британската амбасадорка во земјава во интервју за 24 анализа. Рејчел Галовеј порачува дека е важно секој да учествува во клучните прашања кои ги поместуваат напред политичките процеси.

„Немам информација дали ќе успеат вмро и сдсм да се договорат но ги поттикнуваме на тоа… Закон без вмро- не знам дали би го нарушил кредибилитетот на пржинскиот процес, но би го нарушил кредибилитето на пратениците кои не соработуваат за најважните прашања со кои се справува парламентот.“ – изјави Галовеј.

Преку гласањето на овој реформски закон се решава и прашањето на СЈО, а продолжувањето на нивната работа е важно за да видат граѓаните дека сите процеси течат транспарентно и имаат судска завршница. Освен за случаите на СЈО амбасадорката од Велика Британија порачува пресуда мора да има и за нарачателите на крвавиот четврток за да се врати довербата во судството кај граѓаните. Еден од концептите зза враќање на довербата меѓу граѓаните за кој се погласно се зборува е и ветингот или деталната проверка на сите функционери и во политката и во судството.

„Не го знам одговорот на тоа прашање и не ги знам детално сите случаи, ако се разумни процесите… ветингот треба да биде дел од поширок процес. Не би можело да се спроведат неколку индивидуалци – ако владата вели за поширок ветинг тогаш е во ред…“ – вели Галовеј.

Предлогот за ветинг дојде од пратеникот на ДУИ, Артан Груби, но засега нема одговор од Заев дали размислуваат да го спроведат. „За „ ветинг даваат поддршка и првите луѓе на Кривичниот суд и државното обвинителство- Џолев и Јовевски. Преиспитување на вработените најави само министерот за внатрешни Оливер Спасовски, а законот сеуште е во подготовка. Во соседна Албанија поради ветингот над 500 оставки во полицијата, а проверките не ги поминаа судиите во Уставниот Врховниот и други судови во земјата.

Слични содржини