Гаши доби овластување од Алтернатива да разговара за соработка со БЕСА

од Nikola Popovski

Централното претседателство на политичката партија Алтернатива синоќа го овластило лидерот на партијата, Африм Гаши да разговара за „било каква коалиција, во и надвор од Парламентот“. На средбата се разгледала можната соработка со движењето БЕСА.

-Освен дискусиите за актуелната политичка состојба во нашата држава, како што се уставните измени, уставниот амандман предложен од АлтернАтивА за борба против корупцијата, како и евроинтегративниот пат, во фокусот на овој состанок беше и темата за евентуалната соработка на опозицијата. Во оваа прилика Централното претседателство, го овласти претседателот Африм Гаши да разговара за било каква евентуална соработка, било тоа да е во рамки на парламентот или друга за коалициона соработка. За едно нешто сме сигурини, објавија од Алтернатива, додавајќи дека со ова покажуваат целосна подготвеност за соработка во интерес на граѓаните.

Двете партии во моментов функционираат како опозиција. Алтернатива во февруари годинава одлучи да излезе од владината коалиција, откако Алијансата за Албанците донесе одлука да и се приклучи на Влдата.

Гаши пред неколку дена обелодени дека не коалицираат со партии што се против уставни измени и порача дека Алтернатива ќе гласа за внесување на бугарското и другите малцинства во Преамбулата.

Слични содржини