Гацов: Експанзивната фискална политика мотивирана од ценовните шокови ја води државата кон ново робусно задолжување во странство

од Vladimir Zorba

Коментирајќи го ефектот од укинувањето, односно намалувањето на ДДВ и на акцизата кое ќе важи до крајот на мај, даночниот советник Павле Гацов посочува дека во пракса тоа ќе значи намалување на приходите во централниот буџет од 90 милиони евра. Економската логика налага дека носењето краткорочни мерки за амортизирање на ценовниот шок предизвикан од порастот на цените на горивата и на основните производи за исхрана, ќе  ги  намали приходите во буџетот а ќе ги зголеми расходите, што според ја него ја придвижува земјата кон ново задолжување на странските пазари.

Се чини дека водењето на експанзивна фискална политика мотивирана од ценовните шокови, но и популистичките мерки заради подобрување на стандардот на населението ја води државата кон ново робусно задолжување на надворешните финансиски пазари (патеката за нова евро обвврзница веќе се разгазува). Се чини дека против негативните надворешните неекономски влијанија врз домашната економија (пандемијата, инфлацијата и политичката нестабилноста) владата се бори на комотен начин, намалувајќи ги потенцијалните буџетски приходи, зголемувајќи ги буџетските расходите и задолжувајќи се, објаснува Гацов за локално.мк.

Во оваа насока е и неговото објаснување дека владините мерки со кои се намалува учеството на државата во продажните цени, се однесуваат на нула стапка на ДДВ на основните производи за човечка исхрана која ќе се применува од 17 март, а намаленото ДДВ и акцизата за горивата е во примена од 13 март. Се работи за укинување на ДДВ на прометот и увозот на осум групи основни производи, продолжување за шест месеци на повластениот третман на прометот на електрична енергија за домаќинствата, а се воведува и намалена (повластена) стапката на ДДВ од 10% за прометот и увозот на енергенти. Имајќи ги предвид актуелниот сложен контекст  наметнат поради војната во Украина, Гацов ја посочува неопходноста од  внимателно следење на состојбите и длабинска анализа на сите аспекти  согласно кои надлежните во нашата држава треба навремено  да регираат.

Во оваа фаза задолжувањето сеуште има ниска цена и може да биде оправдано ако Владата испорача раст на БДП, но наскоро и на меѓунардните финансиски пазари ќе следи отрезнување и поскапување на долгот. Редовните изборите се далеку, но доаѓа време кога јавниот долг ќе треба да се претвори во даноци кои ќе се прибираат од граѓаните – избирачи. Тогаш ќе се заборават причините за задолжувањето, а ќе се памети зголемениот даночен товар. Се разбира и за ова има решение, кое засега никој не го нуди – широк опфат на сивата економија, објаснува Гацов.    

Со мерките што ги донесе владата исто така е уредено намалување на акцизата на горивата за по 1 денар (моторен бензин, гасно масло како погонско гориво и гасно масло како гориво за греење). Акцизата на мазутот не е променета и останува 0,1 денар за килограм како и до сега.

К.В.С.

Слични содржини