Гази Баба и Карпош со ист број на активни случаи на Ковид-19, Аеродром е на врвот

од Aleksandar Petrovski

Направените 1.404 теста се преку: ИЈЗ 229, ЦЈЗ Скопје 28, Авицена 253, Биотек 239, МАНУ 163, Клиника „Жан Митрев“ 176, Систина со PCR метода 179, лабораторија Лаор 49, Судска медицина 16, ЦЈЗ Битола 39, Инфективна клиника 3, ГАК 15, Синлаб 15, лаборатории од странство 0. Досега во земјата се направени вкупно 167.760 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани  се 4 деца и 5 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респираторна машина се двајца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 16, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 149, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

Чаир – 50

Гази Баба – 74

Аеродром – 86

Карпош – 74

Центар – 72

Кисела Вода – 54

Ѓорче Петров – 26

Бутел – 35

Шуто Оризари – 13

Студеничани – 9

Сарај – 15

Арачиново – 9

Илинден – 8

Сопиште – 2

Чучер Сандево – 2

Петровец – 4

Зелениково – 1

Странец – 3

Нераспределен-3

Слични содржини