Газпром се закани дека ќе ја намали испораката на гас во Европа, еве каква е ситуацијата

од Stefanija Kuzmanovska

Испораките на гас од Германија за Полска преку гасоводот Јамал-Европа значително се зголемија во средата, соопшти операторот на гасоводот „Гаскад“, додека испораките на руски гас за Европа преку Украина се стабилни.

Резервациите на капацитетот на Јамал за испорака на гас од Германија во Полска покажаа од осум до девет наутро по средноевропско време испорака на 5.961.076 киловат часови гас на час, според податоците на мерното место Малнов на германско-полската граница.

Тоа би значело дека тие се зголемени за 45,4 отсто во однос на раните утрински часови.

Резервациите на капацитет за испорака на руски гас за Словачка преку Украина преку граничниот пункт Велка Капушани покажаа испораки од 41,7 милиони кубни метри, наспроти вчерашните 40,5 милиони кубни метри, покажуваат податоците од украинскиот транспортен систем.

Руски „Газпром“ објави дека во среда ќе испорача 42,1 милиони кубни метри гас во Европа преку Украина, слично како и во изминатите неколку дена.

Компанијата во вторникот предупреди дека би можела да ја намали испораката преку Украина бидејќи верува дека задржува дел од гасот наменет за Молдавија.

„Газпром“ повеќе не испраќа гас во Германија преку Северен тек 1 преку Балтичкото Море, бидејќи беше сериозно оштетен во експлозија на крајот на јули. Се сомнева дека има саботажа и е покрената истрага, но Норвешка, Шведска, Данска и Германија не ги објавија резултатите.

Слични содржини