Ги нападнал екс-сопругата и нејзиниот работодавец во продавницата во која работела

од Nikola Popovski

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.С.(28) од тетовско село, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „загрозување на сигурноста“.

На 13.07.2020 во продажен објект во тетовско село, дошол Д.С., почнал да ја навредува неговата поранешна сопруга, која работела во објектот и растурил прехранбени продукти во продавницата.

Тогаш дошол сопственикот на продавницата, заедно со И.А.(59) и започнале вербална расправија со Д.С. Пријавениот извадил нож и се упатил кон И.А. со намера да го повреди, но не успеал во намерата, по што го напуштил местото на настанот.

Покрај ова, на 17.07.2020 година, Д.С. телефонски му се заканувал на сопственикот на продавницата.

Слични содржини