Го избодел својот колега од работа, па побегнал од работното место

од Nikola Popovski

МВР трага по скопјанец кој го избол со нож својот колега, во фирма во селото Миладиновци.

Како што соопшти полицијата, настанот се случил синоќа.

„Во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од остар предмет бил донесен Б.Л.(38) од Скопје. По преземени мерки било утврдено дека повредите му ги нанел неговиот колега Ш.Ш. од с.Свиларе, скопско, во фирмата во која работеле во с.Миладиновци, Акопско.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Слични содржини