Годишната инфлација во Шпанија најниска во последните шест месеци

од Radmila Tasevska

Според прелиминарната проценка, годишната стапка на инфлација во Шпанија падна од 3,4 отсто во јануари на 2,8 отсто во февруари и сега е најниска во последните шест месеци, соопшти денеска шпанскиот национален институт за статистика (ИНЕ).

Во февруари е забележан значаен пад на цената на струјата во однос на истиот месец лани.

На месечна основа, шпанската инфлација се зголеми за 0,3 отсто, во согласност со очекувањата на пазарот, се наведува на веб-страницата на ИНЕ.

Базичната инфлација во Шпанија исто така падна во февруари, од јануарските 3,6 на 3,4 отсто на годишно ниво и сега е најниска од март 2022 година.

Годишната стапка на базичната инфлација во Шпанија паѓа веќе седми месец по ред.

Слични содржини