Голчиште на Алиоски (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски беше еден од најзаслужните за триумфот од 2-0 на Лидс на гостувањето кај Хадерсфилд.

Алиоски го постигна првиот гол за својот тим со прекрасен волеј во 50. минута од мечот, а конечниот резултат беше дело на Ернандез на 12 минути пред крај на мечот.

Со победата тимот на Алиоски изби на првото место на табелата со 43 бода еден повеќе од ВБА, која има и меч помалку.

Слични содржини