„Голдман Сакс“: Инфлацијата во САД паѓа на 2,9% до декември 2023 година

од Vladimir Zorba

Инвестициската банка „Голдман Сакс“ предвидува „значителен“ пад на инфлацијата во САД следната година, очекувајќи олеснување на прекините во синџирот на снабдување, израмнување на врвот на трошоците за домување и забавување на растот на платите.

Американскиот заемодавач прогнозира дека базичната инфлација, мерена преку растот на цените на стоките за лична потрошувачка (PCE), претпочитана мерка за инфлација на Федералните резерви (FED), ќе падне на 2,9 отсто до декември 2023 година од сегашните 5,1 отсто, пренесува Ројтерс.

Прогнозата на Голдман доаѓа откако членот на Одборот на гувернери на ФЕД, Кристофер Валер минатиот викенд навести дека централната банка може да размисли за забавување на темпото на зголемување на клучните каматни стапки на следниот состанок, но дека тоа не треба да се гледа како „омекнување“ на нејзината посветеност за намалување инфлација.

Минатонеделните статистики покажаа дека американската инфлација „се намали“ во октомври повеќе од очекуваното, зголемувајќи ги пазарните облози дека ФЕД може да го олесни циклусот на затегнување по четири последователни зголемувања на стапката од 75 базични поени оваа година.

Зголемената инфлација и борбата на ФЕД да ја стави под контрола предизвикаа скок на доларот и приносите на американските државни обврзници оваа година, а во исто време и пад на вредноста на акциите.

Главниот индекс S&P 500 на Волстрит падна за околу 16 отсто досега во 2022 година и е на пат да ја забележи најлошата година од финансиската криза во 2008 година, според британската агенција.

Слични содржини